Kristina Maslareviç
01 Декември 2015•Ажурирај: 03 Декември 2015
БЕЛГРАД (АА) - Српскиот премиер Александар Вучиќ се состана со холивудскиот актер Стивен Сигал, кој е во неколкудневна посета на Србија, јавува Anadolu Agency (АА).
Вучиќ, според соопштението за медиумите, му посака добредојде на Сигал додавајќи дека владата ќе стори сé за да се помогне во развојот на филмската индустрија во Србија.
"Развојот на филмската индустрија во Србија ќе допринесе подобрување на економската состојба како и промоција на земјата", рече Вучиќ.
Премиерот даде целосна поддршка за идеата на Стеван Сигал за отворање на аикидо клуб во Белград.
Сигал рече дека Законот за стимулација на странските продукции ќе обезбеди значителни финансиски ресурси за Србија, но исто така и привлекување на голем број на туристи.