Husamedin Gina
20 Мај 2021•Ажурирај: 21 Мај 2021
ТЕТОВО
На плоштадот „Илирија“ во Тетово, денеска е отворена изложба на фотографии за поддршка на палестинскиот народ во Газа, кој се соочува со напади од Израел, јавува Агенција Анадолија (АА).
Десетици студенти од Тетово, со натписите „Граѓаните на Северна Македонија се со Палестина“, „Тетовчаните се со Палестина“, „Слобода за Палестина“, ја искажаа својата поддршка на палестинскиот народ во Газа.
Организаторот на протестот, студентот Арсим Идризи, истакнувајќи дека изложбата, не е ниту верска, ниту пак национална рече дека како граѓани на Северна Македонија, од албанска, македонска етничка припадност, или како Тетовчани сакаат да ја испратат пораката дека се против секое зло што се случува во светот.
Идризи рече дека хуманитарната изложбата е насловена како геноцид.
„Ние земавме фотографија од холокаустот, како прва, а нашата последна фотографија е од Палестина. Значи, ова не е верска изложба, туку е хуманитарна“, изјави Идризи.
Во рамките на изложбата, претставени се и фотографии од геноциди ширум светот, меѓу кои во Крим, Хирошима, Бурма (Rohingya genocide), Сирија, Косово, геноцид врз Ујгурите и геноцидот во Сребеница, Босна и Херцеговина.
Бројот на загинатите во нападите кои ги изведува Израел од 10 мај врз Палестинците во Појасот Газа се зголеми на 230 лица, меѓу кои 65 деца.
Израелската војска продолжува од копно и од воздух да врши напади во Газа која е под блокада и каде што живеат над 2 милиони луѓе.
Според палестинското Министерство за здравство, бројот на загинати во израелските напади се искачи на 230 лица, од кои 65 деца и 39 жени.
Како резултат на нападите на Израел досега се повредени 1.710 лица.