Gamze Türkoğlu Oğuz
15 Мај 2019•Ажурирај: 17 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Аукциската куќа „Сотби“ во својата галерија во Њујорк на продажба постави слика изработена во маслена техника на познатиот француски сликар Клод Моне, која е продадена за рекордни 110,7 милиони долари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Би-би-си“ (BBC), за првпат импресионистичка слика е продадена за цена над 100 милиони долари, а идентитетот на купувачот на сликата не е објавен.
Најголемиот дел од 25-те слики од серијата „Стог сено“, на кои е насликан руралниот живот во близина на домот на Клод Моне во регионот на Нормандија, се изложени во уметничките галерии низ целиот свет.
Претходно, најскапо продадено дело на Моне беше сликата „Nympheas en fleur“ (Расцветани водени лилјани), која на аукцијата во мај 2018 година е продадена за 84,7 милиони долари.