Selçuk Acar
09 Мај 2016•Ажурирај: 09 Мај 2016
ЊУЈОРК (АА) - Аукциската куќа „Кристи" во Њујорк ја продаде контроверзната клекната статуа на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер за рекордни 17, 2 милиони долари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Статуата наречена „Тој" е дело на познатиот италијански скулптор Маурицио Кателано, а го прикажува Хитлер во клекната положба како се моли, со поглед кон небото.
Статуата е направена 2011 година од восок, полиестерска смола и човечка коса.
Инаку, аукцијата носи наслов „Осуден на пропаст" и вклучува 39 трудови.
Претходно, статуата Хитлер беше повеќепати изложена на светски изложби каде што предизвика поделени реакции.
Статуата во 2012 година е претставена во поранешното Варшавско гето, место каде што се убиени голем број на Евреи, место од каде што се испратени во логорите на смртта, во време на Хитлеровиот режим во Втората светска војна.
Некои тој потег го нарекоа бесчуствителна провокација која гo навредува споменот на еврејските жртви убиени од страна на нацистите, додека пак други ја пофалија статуата дека дава силно емоционално влијание.
„Многу критичари тогаш рекоа дека скулптурата, во уметничка смисла, го поставува прашањето дали Хитлер барал прошка од Бога за своите злосторства".