СКОПЈЕ (АА) - Студент на Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје, Махмут Енес Кемер од Турција, изведувајќи калиографски дела на скопските улици создава културен мост помеѓу двете земји. Тој лично се надева дека ќе има некој кој ќе биде негов наследник во уметноста која ја работи.
Овој млад уметник својата приказна за љубовта кон калиграфијата, ја започнува кажувајќи дека кон крајот на своите студии одлучил да организира курс, на кој ќе може да ги изучува љубителите на неговиот уметнички занает, и да создаде свои наследници. Тој курс се реализира во едно мало ателје, во безистенот во Старата скопска чаршија, и истиот е посетуван од ученици од различни националности. Во разговор за АА, Кемер зборува околу деталите за курсот по калиграфија, желбата да ја пренесе љубовта кон калиграфијата на другите, но и за неговата поврзаност со Скопје.
Тој го изрази своето задоволство и среќа од многубројните посетители на курсот, уште пред неговото официјално објавување. Истакна дека истиот бил реализиран по долгорочна макотрпна организација, со помош на невладините организации од граѓанскиот сектор.

Кемер смета дека позитивната работна атмосфера, присутна за време на часовите, се должи токму на различноста на културите на посетителите. По завршувањето на курсот, посетителите ќе се стекнат со сертификати, и со тоа според Кемер, ќе се оствари неговата цел за создавање на наследници во својот занает.
- „За разделување од тука ќе се разделам, но сигурно знам дека нема да можам сосема да се отргнам од тука“
По поминатите 5 години во државава, Кемер смета дека освен културната врска, дошло до создавање и на една емотивна поврзаност.
„За разделување од тука ќе се разделам, но сигурно знам дека нема да можам сосема да се отргнам од тука. Ние овде го поминавме најубавиот период од нашиот живот, токму цутот на младоста ја посветивме на овие простори. Душата ми вели, кешки да можеше далечината да се намали. Доколку наидам на убава можност , би останал тука. Ако ме прашувате што јас всушност сакам, тоа е да можам да го донесам Истанбул тука“, рече Кемер, притоа додавајќи дека никогаш нема да ја прекине релацијата со овие простори.
- Постојат многу заеднички точки во Босанската и Османлиската култура-
Сауда Нурковиќ од црногорскиот град Рожаје е една од посетителите на курсот на Кемер, и истовремено и негова колешка од студиите во Скопје. Таа во својот разговор истакна дека токму неисцрпното раскажување на Кемер за својата уметност, поттикнало голем интерес кај неа за изучување на калиографскиот занает.
„По враќањето во Рожаје, планирам да продолжам со курсот, можеби и јас ќе можам некого да подучувам. Овој вид на курс не постои кај нас. Постојат многу заеднички точки во Босанската и Османлиската култура, и сметам дека токму оваа уметност (калиографија) би можела да оствари една силна врска меѓу двете култури“, изјави Нуркович, која покрај часовите од курсот поминува и доста време на интернет во истражување за калиографијата.
Мухамед Реџаи Чамурлу од Малатја, е уште еден од учениците на Кемер, кој му ја пренел љубовта кон калиографијата. Мухамед ја објаснува калиографијата како уметност која се всадува во душата на човекот. Тој самиот потенцираше дека секој пат кога се чувствува депримирано, внатрешните чувства ги пренесува на хартијата и го подобрува своето расположение.
news_share_descriptionsubscription_contact
