Şenhan Bolelli
16 Декември 2016•Ажурирано: 17 Декември 2016
МАДРИД (АА) - Сенхан Болели -
Откако го осуди терористичкиот напад што беше извршен минатиот викенд, непосредно пред стадионот на фудбалскиот клуб „Бешикташ“ во Истанбул, Арда Туран, фудбалерот на „Барселона“ порача дека секогаш е со Турција, со нејзината војска и полиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој изјави дека е тажен и вознемирен поради терористичките напади во Истанбул.
„Секогаш ќе бидам со мојата земја, војската и полицијата“, изјави Арда Туран во разговор за АА.
Туран упати сочувство до семејствата на загинатите во последниот терористички напад во Истанбул, а на ранетите им посака брзо закрепнување.
„Навистина тажна ситуација. Ова е време кога сме тажни и кога очите ни се полни со солзи“, раскажа Туран.
Тој истакна дека е подготвен да направи сѐ може кога е во прашање борбата против тероризмот, и дека доколку нешто му се случи, ќе биде закопан во својата земја.
Овој 29-годишен фудбалер има само пофални зборови за Турција, вели дека тоа е најубавата земја на светот и дека состојбата во неа ќе се среди во најкраток можен рок.
Туран им се заблагодари на сите што придонесоа со минута молк да се оддаде почест на жртвите од нападот во Истанбул за време на шпанската Професионална фудбалска лига (LFP), позната и како Ла Лига.
„Се чувствувам многу нерасположено“, изјави Туран и додаде дека по сите случувања во Турција, сѐ му останало во втор план.
Тој се осврна и на случувањата во Алепо и порача: „Во Алепо се случува човечка трагедија и за жал, тоа се случува на муслиманска земја“.