İlkay Guder
24 Јули 2017•Ажурирај: 25 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Портпаролот на канцеларијата на турскиот претседател Ибрахим Калин изјави дека за време на посетата на земјите од Заливот, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека ги поддржува напорите на Кувајт и другите иницијативи во насока на мирно решавање на кризата во Заливот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Претседателот Ердоган со соговорниците во Заливот постигна согласност за потребата од продолжување на иницијативите за надминување на актуелната криза преку преговори и дијалог“, рече Калин.
Турскиот претседател вчера и денес престојуваше во официјална посета на Саудиска Арабија, Кувајт и Катар, и со тамошните лидери разговараше за актуелната криза во регионот.
Кризата во Заливот ескалираше на 5 јуни, кога властите на Саудиска Арабија, Бахреин, Египет, Обединетите Арапски Емирати и на Јемен ги прекинаа дипломатските односи и ги блокираа границите на Катар. Катар се товари за поддршка на тероризмот, а пак официјална Доха ги оцени обвинувањата како неосновани.
Соседен Кувајт започна иницијатива за решавање на кризата.