Etem Geylan
13 Септември 2016•Ажурирај: 14 Септември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, зборувајќи денес во Истанбул на прашањето за воведување на смртна казна во оваа земја, актуелизирано по обидот за државен удар што се случи на 15 јули, изјави дека оној што ќе донесе одлука не е Европската Унија (ЕУ), туку Парламентот на Република Турција и нејзиниот народ, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган денес се обрати на бајрамската свеченост во Конгресниот центар „Халич“ во Истанбул, организиран под мотото „79 милиони под едно знаме“, а во таа пригода се осврна и на актуелните случувања.
Најпрво се осврна на вчерашниот терористички напад во Ван, пред зградата на Партијата за правда и развој (АК Партија), во која беа ранети 48 лица.
„Расипниците кои на првиот ден од Бајрам активираа илјада килограми експлозив, порано или подоцна ќе ги задушиме со крвта што ја пролија. Никој нема право нашиот народ да го труе во овие бајрамски денови. Овие маченици не паднаа залудно. Расипниците ќе ја платат цената на она што го сторија“, порача Ердоган.
Во врска со прашањето за воведување смртна казна, Ердоган порача дек ЕУ не е таа што ќе одлучиво врска со тоа.
„Народот бара смртна казна. Поради тоа, Парламентот ќе ја земе оваа тема на разгледување. Кога Парламентот ќе донесе одлука за тоа, никој нема право да се спротивставува. Одредени европски лидери ни велат: Но вие заговарате смртна казна. Пазете се, вие не го доживеавте тоа што ние го доживеавме. Демократијата е волја на народот. Ако тоа го сака народот, а Парламентот донесе таква одлука, вие немате право да се спротивставувате на тоа. Простете, но Европската Унија (ЕУ) не е тој што ќе донесе одлука, туку Парламентот на Република Турција и нејзиниот народ“, изјави Ердоган.
Турскиот претседател се осврна и на борбата против терористичката организација ФЕТО, и изјави дека членовите на терористичката организација ФЕТО ќе продолжат да бегаат, но дека ќе им влезат во трага.
Велејќи дека водачот на терористичката организација ФЕТО „самиот себе се смета за имам на универзумот“, Ердоган потсети дека терористичката организација е активна во 170 земји и има членови задолжени за одредени работи на ниво на континенти, држави и така натаму.
„Во Турција, на пример, постои имам за Турција, потоа за секој град, општина, па институциите. Значи дека пресметката е нешто сосема друго, но им е расипана, па сега бегаат. Тие ќе продолжат да бегаат, а ние ќе продолжиме да ги гониме “, изјави Ердоган.
Тој укажа на фактот дека 15 јули не е крај на играта, туку само еден степен.
„Вмешани во обидот за државен удар секако се припадници на терористичката организација ФЕТО. Но ние знаеме дека тоа е голема игра. Петнаесетти јули не е крај на таа игра, туку само еден степен. Не се вмешани само во случувањата во Турција. Дали беа вмешани во случувањата во Ирак? Беа. Во случувањата на Сирија исто така. Исто така и во Авганистан, Египет, Тунис, во Либија. И тоа продолжува. Играта што се води е во исламскиот свет, во муслиманските земји. Нашиот народ од нас бара и очекува оваа игра да ја уништиме во корен“, порача претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.