Zehra Ulucak,Adem Şalvarcıoğlu
03 Октомври 2018•Ажурирај: 04 Октомври 2018
ПАЛУ (АА) - Во петокот индонезискиот пстров Сулавеси го потресе земјотресот по кој следеше цунами. Во несреќата досега животот го загубија 1.407 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Индонезиската Национална агенциај за справување со катастрофи (BNPB), соопшти дека во земјотресот и цунамито што следеше по него, животот го загубилее 1.407 лица.
Портпаролот на Агенцијата, Сутопо Пурво Нугрохо, за медиумите изјави дека се погребани телата на 519 лица.
Нугрохо информираше дека во земјоресот и цунамито се повредени 2.549 лица, а повеќе од 100 лица се водат за исчезнати.
Официјалните претставници информираа дека во подрачјето се оштетени повеќе од 2.000 училишта и за продолжување на наставата, ќе се формираат привремени училници.
Нугрохо вчера изјави дека 61.867 лица се наоѓаат во привремени засолништа.
Според податоците на Американскиот геолошки завод (УСГС), во петокот, индонезискиот остров Сулавеси го потресе земјотрес со интензитет од 7,5 степени. Епицентарот на земјотресот се наоѓал на оддалеченост од 27 километри северно од Заливот Палу.
Локалните извори оопштија дека земјотресот бил со интензитет од 7,4 степени.
По земјотресот, градовите Донгала и Палу беа погодени од цунами, чии бранови достигнаа висина од 3 до 6 метри.
Индонезиското острово Ломбок кон крајот на јули и во август го потресоа земјотреси со интензитет меѓу 6,3 до 6,9 и 7 степени. Во несреќата животот го загубија 563 лица, а повеќе од 450.000 лица беа засегнати од земјотресот.
Индонезија се наоѓа во пацифичкиот „Огнен појас“, каде што тектонските плочи се судираат и предизвикуваат чести сеизмички и вулкански активности. Во земјотресот што на 26 декември 2004 година ја потресе Индонезија со интензитет од 9,1 степен и цунамито што следуваше по него, вклучувајќи ги и другите земји во регионот, животот го загубија 230.000 луѓе.