Michael Hernandez
03 Октомври 2018•Ажурирај: 03 Октомври 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Според неодамна објавена анкета, американскиот претседател Доналд Трамп има најнизок рејтинг од петте најистакнати светски лидери, пренесува Anadolu Agency (AA).
Околу 70 отсто од испитаниците од 25 нации изјавиле дека немаат доверба во Трамп, кој доби најголем негативен рејтинг, во однос на германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон, рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Ѓинпинг.
Анкетата, објавена од страна на Истражувачкиот центар „Пју“, покажува дека кон Трамп како и кон Си и Путин се гледа главно со недоверба.
Во анкетата 70 отсто од испитаниците не изразија доверба во Трамп, потоа следи Путин со 62 отсто и Си со 56 отсто. Францускиот претседател Макрон и германската канцеларка Меркел добиле релативно високо ниво на доверба од вкупниот број испитаници, 52, односно 46 отсто.
Откако ја презеде функцијата во почетокот на 2017 година, Трамп ја водеше надворешната политика „Америка Прва“ која доведе до тоа многумина да ја доведат во прашање неговата посветеност кон меѓународната заедница и историските склучени сојузи.
Трамп особено доби мал процент на доверба во Европа, со само 7 проценти во Шпанија, 9 проценти во Франција, 10 проценти во Германија и 28 проценти во Обединетото Кралство. Но, Трамп доби поддршка од десничарските популистички партии во Европа, вклучувајќи ја и Алтернатива за Германија (AfD) и Партијата за независност на Обединетото Кралство.
Една од земјите каде што Трамп продолжи да добива голема поддршка е Израел, каде што нивото на доверба нагло се зголеми од 2017 година. Довербата во Трамп истата година порасна од 56 отсто на 69 отсто со последните анкети.
Трамп направи голем број потези кои се сметаат за про-израелски, вклучувајќи го и преместувањето на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим (Кудс) и запирањето на американската помош за Палестинците и за виталната агенција на ОН, која ги обезбедува неопходните потреби за палестинската дијаспора, со цел да ги принуди да се вратат во мировните преговори посредувани од САД.
Палестинците остануваат одлучни дека САД под раководство на Трамп ја имаат изгубено улогата на посредници поради одлуката за преместување на американската амбасада во Ерусалим (Кудс).