Amina Zorniç
16 Октомври 2016•Ажурирај: 17 Октомври 2016
САРАЕВО (AA) - Откако што Управата на полицијата на Црна Гора објави дека нејзините припадници уапсиле 20 лица од Србија поради криминално здружување, се огласи и Врховното државно обвинителство на Црна Гора Anadolu Agency (AA).
Според соопштението, по налог на Специјалниот државен обвинител, служениците на Специјален полициски оддел и Управа на полицијата во текот на ноќта од слобода лишиле 20 лица, државјани на Република Србија, за која постои основ на сомнеж дека извршиле кривични дела-создавање на криминална организација во стекнување со кривичното дело тероризам.
„Основано се сомнева дека на почетокот на октомври во Србија и Црна Гора формирана криминална организација, а со цел да влијае на законодавната и извршната власт во Црна Гора. Се сомнева дека планот на оваа организација бил да во време на прогласување на резултатите на парламентарните избори, со употреба на оружје, ги нападнат собраните граѓани пред Собранието на Црна Гора и службениците на Управата на полицијата, а потоа да ги заземат просториите на Собранието со намера да прогласат изборна победа на одредени политички партии. Исто така, се сомнева дека планот на криминалната организација било лишување од слобода на премиерот на Црна Гора", се наведува од обвинителството.
Организаторот на групата Б.Д, како се наведува, „со цел реализација на наведениот план вчера во раните утрински часови дошол во Црна Гора со намера за понатамошно реализирање на криминалниот план и компандување на оружените лица со намера да го заземат Собранието на Црна Гора и другите државни институции".
Осомничените, според добиените упаства и криминалниот план, со приватни возила дошле во Подгорица, каде поради продолжување на реализација на криминалниот план се распоредиле во најмалку три групи. Членовите на криминалната организација добивале упаства да го расподелат однапред подготвеното оружје поради понатамошна реализација на криминалниот план. По налог на Специјалното државно обвинителство службениците на Специјалното полициско одделение и Управата на полицијата го лишија од слобода организаторот на оваа криминална организација во моменотот кога тргнале да ги проверат однапред подготвеното скриено складиште и допремено оружје и муниција",наведува Обвинителството на Црна Гора.
Во текот на постапката, како што се наведува, утвдено е дека криминалната организација, освен лицата кои се лишени од слобода, ги сочинувале и лицата на чија идентификација и лишување од слобода се работи интензивно.
Од слобода се лишени: Б.Д (1970), К.Х (1977.), В.Б (1995.), Н.Ѓ.(1995.), С.В (1991.), Г.К (1999.), Б.К (1976.), Л.Ѓ (1998.), Б.М (1955.), M.Д (1957.), Д.М (1976.), С.Ѓ. (1964), А.Ч (1983), A.A.(1974), Н.Ѓ. (1982.), С.Ќ.(1979.), Д.С (1974.), M.A.(1990.), И.M.(1980.) и П.A.(1977).