Besar Ademi
29 Јули 2016•Ажурирај: 30 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - Kонференцијата што се одржа во Скопје, во организација на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО) имаше за цел да ја информира јавноста за последните настани во Турција. Според претставниците на турските институции и организации кои дејствуваат во Македонија, јавноста не е информирана како што треба, што доведува двете земји да се соочат со спротиставени ставови, јавува Anadolu Agency (AA).
Некои турски институции и невладини организации кои дејствуваат во Македонија и немаат никаква врска со организацијата ФЕТО, од страна на некои македонски медиуми, што се повикуваат на неточни извори беа именувани како соработници на оваа организација.
Турскиот амбасадор во Македонија, Омур Шолендил, кој детално информираше за неуспешниот обид за државен удар во Турција, додаде дека поради неточни и непотполни информации кои им се даваат на медиумите, понекогаш се соочуваат со спротиставени информации.
На упорното прашање на новинарите да ги потврди имињата на институциите објавени во Anadolu Agency (AA) како институции што имаат врска со организацијата ФЕТО, турскиот амбасадор рече дека тој не е надлежен за тоа, но не го демантираше текстот на Anadolu Agency (AA) и порача медиумите да се насочат кон оваа информативна агенција.
„Ја разбирам чуствителноста на медиумите, но ќе се направат потребните иницијативи меѓу надлежните органи и официјалните контакти ќе продолжат", рече Шолендил.
Претседателот на МАТТО, Туна Ејуп Кахвеџи, кој ги поддржа зборовите на турскиот амбасадор, барајќи од медиумите да се насочат кон АА, особено за текстот каде што се споменуваат институциите на ФЕТО што дејствуваат во Балканот, апелираше да се посвети повеќе внимание и да се спречи појавата на вакви грешки.
„Вчера турската државна информативна агенција ‘Anadolu Agency (AA)’ објави една вест каде што се споменуваат имињата на некои институции на организацијата ФЕТО кои дејствуваат на Западен Балкан, особено во Македонија. Во таа вест конретно се спомнуваат имињата на институциите кои дејствуваат во Македонија и имаат врска со организацијата ФЕТО", рече Кахвеџи.