Ekipa
03 Март 2017•Ажурирај: 03 Март 2017
КАИРО (АА) - Највисокиот касационен суд на Египет денес ја донесе конечната одлука за ослободување на поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак од обвиненијата за вмешаност во убиствата на стотици демонстранти во текот на демонстрациите во 2011 во Египет, јавува Anadolu Agency (AA).
Денешната судска пресуда е конечна и за неа не може да се поднесе жалба.
Во 2012 година, Кривичниот суд на Египет го осуди Мубарак на 25 години затвор за вмешаност во убиството на 239 демонстранти кои протестираа против режимот за време на 18-дневните масовни протести.
Адвокатите на Мубарак ја обжалија пресудата и Апелациониот суд на Египет нареди две повторни судски процеси, вториот и последен заврши денес со пресуда дека не е виновен по основ на обвиненијата.
Откако беше прочитана пресудата, на Мубарак, кој беше во придружба на неговите два сина, му честитаа неколку високи безбедносни претставници кои беа присутни во судницата.
Мубарак беше принуден да се повлече од функцијата на 11 февруари 2011 година, по 18-дневните масовни демонстрации ширум земјата во текот на кои беа убиени стотици Египќани.