Mümin Altaş
29 Јануари 2018•Ажурирај: 30 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Портпаролот на Кабинетот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, изјави дека состанокот на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, со членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ„ и со претседателот на Србија Александар Вучиќ бил сеопфатен и конструктивен, јавува Anadolu Agency (AA).
„Состанокот беше многу содржаен, конструктивен и продуктивен. Нагласена е важноста на трајното зачувување и зајакнување на мирот и стабилноста меѓу Бошњаците, Србите и Хрватите во Босна и Херцеговина, како и меѓу сите народи на Балканот", наведе Калин во соопштението
Тој додаде дека во текот на средбата е разговарано за политичките, економските и социјалните односи, како и за инвестициите и заедничките проекти меѓу овие земји.
„Детално е разговарано и за заедничките проекти кои ќе се спроведат на Балканот, како и за нивниот придонес во безбедноста, мирот, благосостојбата и стабилноста во регионот“, наведе Калин.
Тој нагласи дека Турција во наредниот период ќе продолжи да ги развива и да ги зајакнува односите со земјите од Балканот, првенствено со Босна и Херцеговина и Србија.