Ekip
09 Јуни 2017•Ажурирај: 10 Јуни 2017
АНКАРА (AA) - Министерството за надворешни работи на Турција во денешно соопштение порача дека одлуката за референдум за независноста на Курдската управа на северот на Ирак е страшна грешка, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сметаме дека тоа претставува страшна грешка. Еден од темелните принципи на политиката на Турција кон Ирак е зачувување на територијалниот интегритет на таа земја и политичкото заедништво во неа", соопшти Министерството за надворешни работи на Турција.