САРАЕВО (АА) - Односите меѓу Министерството за одбрана на БиХ и Министерството за одбрана на Република Македонија се на одлично ниво, што е добра подлога за уште поголема соработка во иднина, е ставот на министрите за одбрана на двете земји кои денес се состанаа во Сараево, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерката за одбрана на БиХ, Марина Пендеш ја пречека делегацијата на македонското Министерство за одбрана, кое е во официјална посета на БиХ. „Се согласивме дека соработката е добра и дека нема отворени прашања“, нагласи Пендеш.
„Заеднички се согласивме да делиме еднакви вредности: пристап кон европските и евроатлантските интеграции, како и определување на патот кон НАТО. Предвидовме соработката да биде подигната на уште повисоко ниво“, нагласи Пендеш.
Таа на македонскиот министер за одбрана, Зоран Јолевски, му се заблагодари за гостопримството за 12-те офицери на Вооружените сили на БиХ кои се во Македонија на обука.
„Благодарни сме и изразивме подготвеност дека и министерството на Македонија може да испрати луѓе во нашиот мировен центар за операции. Разговаравме и на теми за мировната мисија, речиси седум дена откако заеднички во Скопје отворивме центар на вооружените сили кои ќе дејствуваат во случај на природни катастрофи. Уште еднаш ја потврдуваме добрата соработка без отворени прашања“, нагласи Пендеш.
Јолевски изрази задоволство од доаѓањето во БиХ и во Сараево, истакнувајќи дека досегашната соработка на двете министерства е одлична.
„Соработката е на одлично ниво. Можеме да ги оцениме како одлични нашиот труд, заедничките проекти и размената на искуства меѓу двете земји. Разговаравме за евроатлантските интеграции, за искуствата, и со оглед на тоа што имате одличен центар за мировни мисии, ние планираме да учествуваме во тоа. Исто така, вашиот центар за деминирање има добри искуства, па ќе испратиме наши луѓе на обука“, нагласи Јолевски.
Тој денес е дочекан свечено, со црвен тепих и почесен вод на Вооружените сили на Бих, во седиштето на Министерството за одбрана на БиХ во Сараево.
news_share_descriptionsubscription_contact
