АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, истакна дека во случај амбасадата на САД во Израел да се префрли во Ерусалим, наместо мир, ќе донесе хаос во регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Се надеваме дека овие вести не се вистинити. Дека овие информации се неточни. Овој чекор нема да придонесе во решавањето на проблемот, кршливата структура во регионот ќе ја направи уште покршлива. Ќе стане уште поопасно, наместо мир ќе донесе хаос. Целосно ќе се уништи процесот на решавање“, истакна Чавушоглу во врска со вестите околу тоа дека САД својата амбасада во Израел ќе ја префрлат во Ерусалим.
Министерот Чавушоглу ова го изјави во своето обраќање на 2. Меѓународна програма за доделување награди во науката и уметноста „Мехмет Акиф Ерсој“, која се одржува во главниот град на Албанија, Тирана.
„Тука има само едно решение, дводржавното решение. Две независни држави една до друга. Од една страна независна палестинска држава со главен град Источен Ерусалим и со границите од 1967 година, од друга страна израелската држава. Само вака може да има мир и спокојство“, додаде Чавушоглу. Тој нагласи дека отсега во целиот свет владее една непријатност во врска со ова прашање.
„Всушност, кај повеќето Евреи постои непријатност. Бидејќи Ерусалим е светото место на три религии и секој треба да го почитува тоа“, вели турскиот министер за надворешни работи.
„Ако сите молчат, ние како Република Турција не можеме да молчиме. Зборуваме што е право, стоиме против грешките“, додаде Чавушоглу.
- Чавушоглу: Турција ќе продолжи да ја поддржува Албанија
На турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Албанија на церемонијата за доделување признанија „Мехмет Акиф Ерсој“ за наука и уметност, каде што на министерот Чавушоглу му е доделена титулата „Doctor Honoris Causa“, а на церемонијата беше присутен и претседателот на Албанија, Илир Мета.
По примањето на признието, Чавушоглу се обрати пред присутните, при што се осврна на односите меѓу Турција и Албанија, поддршката на Турција за Албанија, како и на активностите на терористичката организација ФЕТО во светот, но и во Албанија.
Турскиот министер нагласи дека Турција очекува поддршка од Албанија во борбата против терористичката организација ФЕТО.
„Ние се обидуваме да бидеме пример за целиот свет, со нашите политики. Преземаме чекори за безбедноста и стабилноста на земјите на Балканот. Се обидуваме да бидеме блиски со ранливите групи, да им помогнеме, почнувајќи од невработеноста, економските проблеми. Ви ги пренесувам пораките на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Стабилна Албанија значи моќна Турција. Ние ја поддржуваме Албанија и ѝ помагаме на пријателската земја Албанија, која е членка на НАТО. Во Албанија се чувствуваме како во нашиот дом“, рече Чавушоглу.
Тој истакна дека односите меѓу Албанија и Турција се развиваат во различни области, како образование, култура, економија, и оти прават напори за зголемување на соработката во сите области.
- Очекуваме поддршка од Албанија во борбата против ФЕТО
Чавушоглу се осврна и на минатогодишниот обид за државен удар во Турција, извршен од страна на терористичката организација ФЕТО.
„ФЕТО се обиде да биде дел од нашата држава и го бомбардираа Парламентот. Зошто го кажувам ова? Некои земји вложија напор за отстранување на овие структури. Ќе се бориме до крај со оваа терористичка организација, затоа сакаме да ги видиме земјите до нас. Знаеме дека институциите на ФЕТО имаат активности во Албанија, и Албанците им верувале за образованието на нивните деца. Моето прашање е, зошто влегуваат во образовниот систем, во нивните училишта ги земаат децата од елитната класа? Потоа продолжуваат да влегуваат во структурите како што направија во Турција, како во правосудството, полицијата, армијата. Тогаш треба многу добро да процениме дека истата ситуација постои во Албанија, каде што треба да преземеме конкретни мерки сега, за да не биде доцна утре. Затоа очекуваме поддршка од Албанија во борбата против оваа организација. Турскиот народ ќе продолжи да биде со Албанците во секоја област“, нагласи турскиот министер за надворешни работи.
- Мета: Турција даде голем придонес за безбедноста и мирот
Од друга страна, претседателот на Албанија, Илир Мета, во неговото обраќање ги потврди изјавите на Чавушоглу дека двете земји развиваат односи и соработка во сите области, и изрази задоволство поради техничката помош на Турција за Албанија во повеќе области.
Мета истакна дека благодарение на добрите односи и цврстите историски и меѓучовечки односи меѓу двете земји, нивната пријателска и братска иднина на соработката ќе биде поцврста.
Како што рече Мета, пречекувајќи милиони бегалци во земјата, Турција дала придонес за безбедноста и мирот во сите земји на регионот и во Европа.
„Двете земји, не само што се членки на НАТО, туку се и активни придонесувачи во борбата против насилниот тероризам и екстремизам, кои претставуваат сериозна закана за мирот и бебедноста на нашите земји и за просперитетот на нашите граѓани“, рече Мета.
Кон крајот на церемонијата организирана од страна на Универзитетот „Мехмет Акиф Ерсој“, во соработка со Фондацијата „Маариф“ и Универзитетот на Тирана, беа доделени признанијата „Мехмет Акиф Ерсој“ за наука и уметност, за лишности во областа на образованието, културата и науката.
Покрај претседателот на Албанија, на церемонијата одржаа говор и ректорот на Универзитетот „Мехмет Акиф“, Адем Коркмаз, ректорот на Универзитетот на Тирана, Мунур Кони, како и други поканети гости.
news_share_descriptionsubscription_contact
