БАКУ (АА) - Заменик претседателот на Упраавниот одбор на Anadolu Agency Др. Шабан Кизилдаг денес во обраќањето на 5. Конгрес на светските новински агенции (NAWC) во Баку изјави дека светските медиуми не ја испочитувале одговорноста, да известуваат на објективен начин за обидот на државен удар во Турција кој се случи на 15 јули, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој нагласи дека задача на медиумските куќи, и покрај сите потешкотии, да достават точни и доверливи вести на милијарда луѓе ширум светот, додавајќи дека најважно од било кога во историјата е медиумите да дејствуваат слободно за да не се загрози човековата чест и човековите права.
„Затоа, наша цел е на секоја фотографија на АА и во секоја реченица која ја пишуваме да ја величаме човечката чест без оглед на раса, а се со цел промоција на глобален мир и демократија“, изјави Кизилдаг, потсетувајќи дека АА во 2015 година отворила свои претставништва во Техеран и Скопје, со што агенцијата пренесува вести на 11 јазици во 86 земји на светот.
Тој додаде дека во организација на АА во 2015 и 2016 година е одржан натпревар за најдобра фотографија „İstanbul Photo Awards".
„Со своите вести, фотографии и видео снимки посебно правиме разлика во земјите каде е тешко да се известува. Имаме канцеларии во 35 земји, претставништва во 86, вработени од 74 земји како и претплатници во 45 земји. Но, нас не чека уште работа“, изјави Кизилдаг.
За време на својот говор истакна дека западните медиуми не известувале објективно за случувањата во врска со обидот за државен удар во Турција, напоменувајќи дека некои медиуми, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој избегна атентат за време на обидот за удар, го обвинуваат за авторитаризам.
„За жал, светските медиуми не ја испочитуваа одговорноста на објективен начин да известуваат за крвавиот обид за државен удар во Турција на 15 јули. Западните медиуми не застанаа на јасен и отворен начин со демократијата и слободите, не само во текот на обидот за пуч во Турција и потоа, туку и во многу други места, вклучувајќи го и илегалното апсење на избраниот претседател на Египет Мухамед Морси”, истакна Кизлидаг.
Предупреди и дека таквото делување на медиумите поприми глобални размери, додавајќи дека и самите медиуми придонесуваат кон тоа.
„Ваквиот поглед на светот не е објективен. Тој поглед во поголеиот дел на светот нанесува штета на верувањето во демократијата и слободите како и придонесува за маргинализација, антагонизмите меѓу земјите и културите и ја загрозува интеграцијата на различните култури”, рече Кизлидаг.
На крајот истакна дека западните медиуми не се сметаат за објективни медиуми и демократија во општествата како што се Египет, Палестина, Газа и Сирија.
Потсетуваме, со присуство на претседателот на Азербејџан Илхам Алиев во главниот град на таа земја, Баку, денеска започна 5. Конгрес на светските новински агенции (NAWC) и 16. Собрание на Унијата на азиско-пацифичките новински агенции (ОАНА) На конгресот, чиј домаќин е фондацијата „Хајдар Алијев“ и Државната новинската агенција на Азереајџан (АЗЕРТАС) ќе се организират панел-дискусии на темите, „Иднината на произведувањето вести“, „Можностите на новинските агенции – новите технологии и социјалните мрежи“, „Иновациите на новинските агенции“, „Едукација на новинари за иднината на мултимедијата“, како и панел-дискусијата „Зачувување на мисијата на новинарството“.
На панел-дискусиите ќе зборуваат претседателите на OAНA, Одборот на Европската алијанса на новински агенции (ЕАНА) и на Федерацијата на арапските новински агенции (ФАНА). Исто така, на дискусиите ќе се обратат високи претставници на новинските агенци како што се Асошиејтед прес, Ројтерс, Синхуа, Агенцијата Анадолија (AA), ТАСС, Франс прес, Прес асосиејшн, ЕФЕ, Јонхап, Кјодо, ТТ, СПА, БТА, ААП, ИРНА, ДПА, Нотимекс, ATPE како и на други новински агенции. АЗЕРТАС во времетраење од 3 години ќе го преземе претседателството и на НАВ и на ОАНА.
news_share_descriptionsubscription_contact
