Barış Gündoğan
17 Јануари 2017•Ажурирај: 17 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес истакна дека сите терористички организации имаат мисија против националното единство и територијалниот интегритет на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сите терористички организации имаат една единствена мисија, а тоа е закана упатена кон националното единство, територијалниот интегритет на земјата, пресекување на напредокот на Турција ,ставаат препки' со цел да се саботираат поставените цели на Турција за 2023. Нема да успеат во тоа. Можеби ние нема да го видиме тоа, но нашите внуци ќе го видат и ќе го доживеат. Се надевам дека децата на овој народ ќе го спроведат планот 2053 и 2071“.
Турскиот претседател истакна дека терористичките организации се актери на едно исто сценарио.
„Од 2013 година досега, настаните што едноподруго ги преживеавме покажуваат дека Турција се наоѓа во нова борба за независност. Овој пат нашите противници пред нас не излегуваат со сопствените имиња и војска, туку преку терористите, кои ги користат како маша. Немојте да се залажувате гледајќи ги нивните различни имиња и дискусии. ПКК, ДЕАШ, ФЕТО, ЈПГ, ДХКП-Џ и останатите се актери на исто сценарио“.