Diyar Güldoğan
06 Јули 2017•Ажурирај: 06 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Турција ќе инсистира на одржување на процесот за нејзин пристап во ЕУ, наместо да се реши за помал договор за силна соработка со блокот, изјави турскиот министер за ЕУ денес, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот министер за ЕУ, Омер Челик, во Анкара се обрати на прес-конференцијата со Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување.
„Потпора на односите меѓу Турција и ЕУ се преговорите за пристап“, изјави Челик за новинарите.
Тој ги изнесе овие забелешки пред пратениците во Европскиот парламент да гласаат за Извештајот на комисијата 2016 година за Турција.
Покрај другото, извештајот ги повикува земјите-членки на ЕУ официјално да ги суспендираат преговорите за пристап на Турција, без одложување, доколу серијата уставни реформи во Турција, усвоени на референдумот на 16 април бидат имплементирани непроменети.
Челик истакна дека секој предлог што не соодветствува со преговорите за пристап ќе биде против природата на односите што Турција и ЕУ ги имаат досега.
Тој додаде дека Турција ќе продолжи да работи за да отвори повеќе поглавја во преговорите за членство во ЕУ.