Mücahid Eker
11 Ноември 2017•Ажурирај: 12 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Советот за бизнис соработка на Турција-САД при Одборот за надворешни економски односи (ДЕИК), Еким Алптекин во врска со тврдењата дека „поранешниот советник за национална безбедност во Белата Куќа, Мајкл Флин и турските претставници се состанале за киднапирање на лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетулах Ѓулен“, нагласи дека тие се плод на имагинација и имаат за цел да ѝ нанесат штета на Турција.
Алптекин даде изјава за Anadolu Agency (AA) околу тврдењата дека е „одржана средба меѓу Флин, неговиот син и некои турски функционери во врска со киднапирање на лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, надвор од САД за 15 милиони долари, и дека оваа средба се истражува од страна на специјалниот обвинител, Роберт Милер, кој ја води истрагата против Русија“.
Алптекин рече дека секако дека на овој состанок кој тој самиот го организирал, не разговарале на оваа тема.
„Свесно избегнував да дадам одговор за лажните вести објавени во последниот период во врска со мене. Но, за жал гледам дека некои наши ценети медиумски институции ги ценат лагите за кои се знае на кого му служат“, додаде тој.
Истакнувајќи дека единствена цел на сите овие вести кои се плод на имагинација, е нанесување штета на Република Турција, Алптекин рече: „За жал гледам дека и некои во нашата земја имаат цел да ги користат овие лаги во корист на нивните политички амбиции. Не се сомневам дека еден ден вистините ќе излезат на виделина, и ќе се срамат оние кои во овој процес ги пренесоа во јавноста овие лаги“.
- Нова иницијатива поддржана од страна на ФЕТО
Адвокатот на Флин, Роберт Келнер претходно истакна дека тврдењата во веста на WSJ се лажни и многу валкани.
„Amerikan Wall Street Journal" (WSJ) не наведе конкретна адреса за изворот на содржината на средбата за која се тврди дека е одржана меѓу Флин, турски функционери и бизнисмени.
Се истакнува дека, овие тврдења кои се оценуваат како една нова иницијатива поддржана од страна на терористичката организација ФЕТО против Турција, заземаат место во американските медиуми поради нејзината корисност во однос на внатрешниот политички баланс во САД.
Познато е дека ФЕТО кој е на чело на групите кои работат против Турција во САД, покрај правниот процес против Турција, пренесува материјали и сериозни финансиски извори во односи со јавноста во пропагандните кампањи.