Tanju Özkaya
30 Ноември 2016•Ажурирај: 01 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Припадниците на турските безбедносни сили во копнените и воздушните акции од 1 јануари до 28 ноември оваа година уништија 451 засолниште на терористичката организација ПКК во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Командосите и специјалните тимови за време на акциите уништија упоришта на сепаратистичката ПКК во кои терористите криеле муниција и друга опрема.
Во споменатиот период, запленети се 189 јуришни пушки од различни модели, 97.350 куршуми за споменатото оружје, 40.960 килограми амониум нитрат, кој се користи за изработка на бомби, 207 домашно изработени експлозиви, 338 рачни бомби, 376 ракетни фрлачи, милиони стабленца индиски коноп, дрога во вид на таблети, облека и десетици тони животни намирници.
Милитантите на организацијата во текот на есента се повлекуваат во засолништата, каде што ги поминуваат зимските месеци. Во тој период, терористите имаат идеолошка обука и вршат подготовки за терористичките напади, а засолништата ги напуштаат со доаѓањето на пролетните месеци.
Припадниците на терористичката организација ПКК имаат засолништа во источниот и југоисточниот дел на Турција.
Во акциите во текот на годината, извршени во неколку турски подрачја, во Дијарбакир уништени се 118, во Бинѓол 66, Битлис 52, Тунџели 43, Муш 29, Хакќари 26, Батман 23, Ширнак 25, Мардин 14, Карс 18, а во Ѓумушхане шест засолништа.
По пет засолништа се уништени во Агри, Ван и во Измир, а по четири во Игдир и во Сирт. Во Османије и во Ерзурум се уништени три, а во Анталија пет засолништа на терористичката организација ПКК. Уништена е и опремата што се наоѓала во нив.
Користејќи ја стратегијата „секаде и во сите услови“, припадниците на безбедносните сили уништија многу засолништа, меѓу кои голем број и од оние за коишто со години се тврдеше дека се недостапни и дека до нив не може да се дојде.
Исто така, 2016 година беше година кога беа нанесени најтешки удари на терористичката организација и година кога организацијата имала најголеми загуби.
Поголем дел од претходните напади оваа терористичка организација ги организираше во планинските предели, за подоцна борбата да ја пренесе во градовите, и на тој начин го загрози и населението. Покрај загубата на неколку стотици засолништа, организацијата изгуби и илјадници од нејзините припадници.