Soner Kılınç
30 Мај 2016•Ажурирај: 31 Мај 2016
ШИРНАК (AA) - Во експлозивната направа од рачна изработка поставена во шахтата на патот во населбата Силопи во турската провинција Ширнак загинаа четири лица, а ранети се 19, од кои пет полицајци, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадниците на терористичката организација ПКК поставија експлозивна направа од рачна изработка во шахтата на патот, а до експлозијата дојде во моментот на поминување на оклопно полициско возило. На местотот на настанот упатени се повеќе возила на брза помош.
Од последиците на екслозијата на местото на настанот животот го загубија четири лица.
Безбедносните сили покренаа опсежни акции со цел пронаоѓање на терористите на тоа подрачје.