Barış Gündoğan
22 Декември 2015•Ажурирај: 22 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за култура и туризам Махир Унал изјави дека терористичката организација ПКК моментално е во паника бидејќи ја изгуби поддршката од народот на источниот дел на Турција, јавува Anadolu Agency (АА).
Унал како гостин на редовниот уреднички деск на АА во Анкара истакна колку многу штета и нанесува терористичката група ПКК на Турција. Зборувајки за последните терористички активности во источниот град Дијарбакир, Унал истакна дека сето она што во моментов се случува е причина што организацијата е во паника.
"Зошто насилство? Зошто оружје? Зошто мини? Зошто луѓето едноставно не можат да на мира да одат на работа? Зошто детето не може мирно да оди на училиште? Зошто се рушат училиштата и болниците? Сето тоа се случува пред очите на народот. Терористичката организација во моментот е во паника бидејќи ја изгуби поддршката на народот" рече Унал.
Унал истакна дека историските споменици ќе бидат заштитени од терористите.
"Ние ќе ги заштитиме нашите историски споменици. Повторно ги креваме од пепел. Ама таму гинат луѓе. Што можеме да речеме за старецот кој е убиен бидејќи не им дозволил неговата куќа да биде скривалиште на терористите. Исто така убија и една жена", рече министерот Унал.