Ekip
12 Март 2018•Ажурирај: 13 Март 2018
КАТМНАДУ (AA) - Бројот на загинатите во авионската несреќа која денеска се случи на меѓународниот аеродром Трибхуван во Катманду, главниот град на Непал се зголеми на 49 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Маној Неупан, портпарол на полицијата изјави дека спасувачите извлекле 40 безживотни тела од авионот додека девет патници починале откако се префрлени во болница.
Додаде дека во авионската несреќа се повредени 22 лица.
Истакна дека дури утре ќе бидат идентификувани телата на загинатите.
Од полицијата потврдија дека патнички авион на бангладешка компанија „US-Bangla" при слетувањето склизнал од пистата и завршил во пламен.
Станува збор за авион „Bombardier" од типот „Dash Q400" кој летал од Дака, а во кој се наоѓале 67 патници и четири члена на посадата.