АНКАРА (АА) - Турскиот министер за култура и туризам, Наби Авџи, изјави дека европските земји, меѓу кои и Германија и Холандија, мора сериозно да го сфатат предупредувањето на Турција, бидејќи може да се соочат со големи проблеми, со оглед на тоа што заедно со трендот на јакнење на расизмот и омразата кон странците во Европа, делува и лобито на дезинформациската машинерија на терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Коментирајќи ja актуелната ситуација и ставовите што од Германија и Холандија се насочени против Турција, министерот Авџи за АА рече дека Европа е во тешка ситуација и дека Европјаните мораат да сфатат дека тој континент „се разболел“ и оти со актуелните трендови е тешко да се постигне консолидација.
Авџи истакна дека е очигледно оти во текот на 15 години е променет калибарот на европската политика.
Министерот за туризам и култура Авџи рече дека тие немаат проблем со народот на Холандија, ниту со другите европски народи, но дека постои проблем со одредени управи.
Последните настани и ставови на Холандија покажаа на каков вид на политика е осудена земјата, смета Авџи.
„Денешната холандска елита е необразована, неучтива, дрска и себична. Тие навистина ќе бидат проблем за Европа, и даваат назнаки за тоа. Оваа злоба на степен на омраза кон локалните Турци или странците кои доаѓаат од Источна Европа, од Африка, и од други подрачја, со време ќе се сврти во внатрешноста на Холандија. Веќе може да се види дека таа почна да ја труе Холандија. Тамошната полиција, во времето кога на власт беше разумната елита, не се однесуваше така грубо, немилосрдно, нечовечно, но тоа се шири во бранови“, рече Авџи.
Исто така, ставот што холандските, европските и на светските медиуми го покажуваат пред настаните покажува дека Европа се соочува со лош тренд и дека ѝ е потребна помош.
Според неговите зборови, односите меѓу народите на Турција и Холандија ги надминаа видиците на тие дрски политичари. Авџи додаде дека милиони туристи од Холандија летувале во Турција во последните 15 години и дека знаат каков е турскиот народ.
Тој смета дека холандскиот народ е незадоволен од оваа ситуација и потсети дека тоа што ѝ беше направено на турската министерка за семејство и социјална политика, Фатма Бетул Сајан Каја, е нечовечки.
Авџи смета дека треба да одговараат сите што носат одговорност за последните случувања во Холандија, од политичарите до полицајците на улиците.
Министерот потсети дека на почетокот на октомври 2016 година присуствувал на конференција во холандскиот град Утрехт.
Тој кажа дека во обраќањето по овој повод ги предупредил холандските власти за опасноста од терористичката организација ФЕТО.
Турскиот министер за култура и туризам додаде дека потсетил оти е видливо дека членовите на наведената терористичка организација, по обидот за државен удар во Турција на 15 јули минатата година, во Холандија и во други европски земји систематски водат кампања против Турција.
Авџи изјави дека одредени луѓе во Холандија рекле оти не се изненадени од кажаното, бидејќи има луѓе што дошле во Холандија и добиле двојно државјанство, а кои се во сојуз со ФЕТО и се назначени на високи позиции.
„Тие беа вработени во општините, општинските совети, ја поддржуваа кампањата на некои политичари... Пријатели ни кажаа за сето она што овие луѓе го правеле во Холандија, она што (го правеа) и во минатото во Турција“, рече Авџи, и додаде дека постојат информации за кражба на прашањата во училиштата во Холандија, со цел да стигнат на високи позиции како што е направено во Турција.
Министерот Авџи додаде дека дури тогаш предупредил за опасноста од ФЕТО.
„Слична ситуација постои и во Германија и во други земји. Заедно со трендот на јакнење на расизмот и омразата кон странците во европските земји, делува и лобито на дезинформациската машинерија на терористичката организација ФЕТО. Европа навистина е во тешка ситуација и затоа треба да се сфатат сериозно нашите предупредувања. Ако продолат вака, ќе имаат големи проблеми, ги имаат“, предупреди Авџи.
Во Холандија има две средни училишта, седум основни училишта и уште една образовна институција на ФЕТО.
Локалните медиуми истакнуваат дека станува збор за колеџот Космикус во Ротердам, средното училиште „Метис Монтесори“ во Амстердам, основното училиште „ИБС Де Рос“ во Пурмеренд и Зандам, „Космикус“ во Ротердам, Хаг и во Арнхем, „Космикус-Импулс“ во Амстердам, „Вите Тулп“ во Амстердам и образовната институција „ИНПОИНТ“.
Освен тоа, организацијата во неколку градови има машки и женски домови.