Michael Hernandez
09 Октомври 2018•Ажурирај: 10 Октомври 2018
ВАШИНГТОН (AA) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската амбасадорка во Обединетите нации (ОН) Ники Хејли кон крајот на оваа година ќе отстапи од должноста, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп денеска ја прифати оставката на Хејли на местото амбасадорка на САД во ОН.
Хејли и Трамп се обратија во Овалниот кабинет, при што американската амбасадорка во ОН исто така потврди дека кон крајот на оваа година ќе отстапи од должноста.
По соопштението за оставка, изјави дека сепак нема да се кандидира на претседателските избори во 2020 година.
Трамп изјави дека во наредните недели ќе номинира некого на местото на Хејли.
Потсетуваме, Хејли во септември наведе во текстот за весникот „Њујорк Тајмс" изјави дека „не се согласува со претседателот за се".