Mohamad Misto
30 Април 2018•Ажурирај: 01 Мај 2018
ХОМС/АНКАРА (АА) - Режимот на Башар ал Асад во Сирија и неговиот поддржувач Иран вршат интензивни напади во северниот дел на сирискиот град Хомс, кој го држат под опсада. Се забележува дека подрачјето на Хола кое се наоѓа во северниот дел на Хомс, град кој е еден од зоните без судири, е претворено во урнатини.
Асадовиот режим и неговите поддржувачи откако ја презедоа контролата врз Источна Гута, која се наоѓа во сирискиот град Дамаск, се пренасочија кон зоните што ги држат под опсада во градот Хомс, во централниот дел на земјата.
Силите на режимот на 14 април започнаа операција во руралното подрачје во северен Хомс, и за три дена ја презедоа контролата врз шест точки, но потоа опозицијата повторно ја врати контролата врз овие точки.
Како резултат на преговорите одржани со посредство на Русија, во ова подрачје беше прогласен прекин на огнот до 22 април, кој потоа беше одложен.
Режимот во текот на вчерашното утро повторно започна воздушна и копнена операција, а силите на Иран започнаа копнена операција. Најмалку пет цивили го загубија животот во над 70 воздушни напади, а голем број се повредени.
Нападите сè уште се во тек. Новинарите на АА од ова подрачје соопштија дека е погодена болницата во подрачјето на Растан.
Зоната од 592 километри во северниот дел на Хомс што е под контрола на опозицијата, веќе 5 години е под опсада. Во ова подрачје живеат околу 200-250 илјади лица.
Подрачјето беше вклучено во зоните судири во рамките на преговорите во Астана во мај 2017 година помеѓу Турција, Русија и Иран.
Русија соопшти дека на 4 октомври 2017 година е постигнато примирје меѓу режимот и опозицијата во зоните без судири, во кои влегува и Хомс.