Sibel Kurtoğlu
22 Јуни 2018•Ажурирај: 23 Јуни 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Истанбул порача дека неговата земја во наредниот период ќе биде многу поодлучна во борбата против терористичката организација ФЕТО и ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган се обрати пред насобраните граѓани во Истанбул, а во таа прилика се осврна на актуелните случувања.
„Она што сакам отворено да го кажам, нашата борба против ПКК во наредниот период ќе биде многу поодлучна. Борбата против ФЕТО ќе биде уште поодлучна“, изјави Ердоган.
Тој ја критикуваше опозициската Републиканска народна партија (ЏХП), поточно лидерот на оваа партија, Кемал Киличдароглу, и претседателскиот кандидат Мухарем Инџе, кои како што кажа, воопшто не зборуваат за борбата против тероризмот.
„Дали нешто кажавте за борбата против тероризмот, дали нешто кажавте за борбата против ФЕТО? Не! Зошто? Затоа што се заедно“, порача Ердоган.
Турскиот претседател се осврна и на борбата против тероризмот во рамките на која од терористите се расчистени регионите во северниот дел на Сирија.
„Во Африн и Џарабулус се вратија 200.000 Сиријци, тој број ќе расте. Сите тие луѓе сакаат да се вратат во својата земја, своите куќи“, изјави Ердоган.
Зборувајќи за нападот на ПКК врз членовите на Партијата за правдата и развој во Суруч, во градот Шанлиурфа, во кој загинаа четири лица, а беа ранети најмалку осум, Ердоган изјави:
„Скапо ќе ја платите цената на она што го направивте во Суруч. Убиецот кој го стори тоа, којшто носеше ознаки на ПКК, веќе е затворен. Нашата борба против ПКК ќе биде уште поодлучна“, изјави Ердоган.