Haydar Karaalp
02 Октомври 2018•Ажурирај: 03 Октомври 2018
БАГДАД (AA) - Бархам Салих, кандидат на Патриотската унија на Курдистан (ПУК) е избран во државниот парламент за претседател на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Салих во вториот круг од гласањето со 219 гласови, од вкупно 272 присутни пратеници, избран е за нов претседател на Ирак.
Фуад Хусеин, кандидат на Демократската партија на Курдистан, освои 22 пратенички гласа.
Изборите за претседател на Ирак отидоа во вториот круг отако во првиот круг ниту еден од седумте кандидати не освои од потребните 220 гласови.
Откако е избран за претседател на државата Салих положи заклетва со што и официјално стапи на должност.
Бахрам Салих е роден 1960 година во ирачкиот град Сулајманијах каде завршил средношколско образование. Потоа во 1983 година на Универзитетот Кардиф во Ангија дипломирал на Архитектонскиот факултет, додека докторатот го стекна на Универзитетот во Ливерпул во областа на инжинерските науки.
Салих на ПУК му се придружи во 1976 година, а подоцна ги извршуваше највисоките функции во оваа партија.