Hasan Esen
23 Март 2016•Ажурирај: 23 Март 2016
БРИСЕЛ (AA) - Белгиската полиција соопшти дека нападот на аеродромот во Брисел го изведоа браќата Халид и Ибрахих Ел Бакраоуи, јавува Anadolu Agency (AA).
Федералната полиција на Белгија објави на социјалната мрежа Твитер фотографија од лицето во белата јакна со црна капа на глава. Фотографијата е направена на основа на снимките на надзорните камери и споделена со медиумите и сите институции. Се работи за третото лице кое е во бегство.
По нападите за кои одговорност презеде ДАЕШ, мерките на безбедност во Белгија и повеќето европски земји подигнати се на максимално ниво. Откажани се сите општествени настани, затворени училишта, центрите, кината и театрите.
Бројот на смртно страданите во трите вчерашни напади во Брисел порасна на вкупно 34 лица. Во нападите се ранети 250 луѓе. Белгискиот јавен РТВ сервис ВРТ јави дека во две експлозии на аеродромот Завентем се убиени најмалку 14 лица, додека во одвоена експлозија на метро станицата Малбек загинаа најмалку 20 лица.