Sarp Özer
14 Март 2016•Ажурирај: 14 Март 2016
АНКАРА (АА) - Генералштабот на турските вооружени сили изјави дека во текот на ноќта се бомбардирани позициите на терористите на ПКК на територијата на Кандил во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Генералштабот, во бомбардирањето учесвувале девет авиони од типот Ф-16 и два авиони Ф-4 2020. Целите кои беа нападнати, се целосно уништени.
Уништени се 18 цели во областа на Kандил и Гара. Меѓу уништените цели беа складишта со муниција и засолништата на терористите.
Турски воени авиони во неколку прелетувања ги нападнаа целите со 30 проектили.