Dejan Maksimoviç
14 Мај 2016•Ажурирај: 15 Мај 2016
САРАЕВО (AA) – Дејан Максимовиќ
Проблемот за време на изнесување на пресудата на претседателот на Српската радикална странка Воислав Шешељ беше потполно различното видување на конфликтот од обвинителите и судиите, истакна Серж Брамерц, главниот обвинител на Хашкиот трибунал во интервју за Anadolu Agency (AA).
„Тоа беше тежок случај со многу проблеми од самиот почеток, затоа што Шешељ сакаше сам да се брани, што предизвика многу процедурални проблеми. Шешељ објави неколку книги во кои ги откри имињата на заштитените сведоци, поради што сведоците беа во страв. Без било каква дилема тоа беше многу тежок случај. Дали сме задоволни со пресудата? Секако дека не сме. Баравме осуда. Од една страна сметаме дека судиите не направија добра евалуација на доказите кои ги приложивме и од друга страна начинот на кој го опишаа и квалификуваа конфликтот. Не би одел подалеку, но она што ние го идентификувавме како етничко чистење, беше сметано како хуманитарна евалуација од поголемиот број случаи. Она што ние го сметавме како говор на омраза и вовед во правење на злосторство, судиите го окарактеризираа како подигнување на моралот на војската. Имавме тотално различни видувања на конфликтите и тоа е една од причините поради кои одлуживме да да дадеме жалба на пресудата", наведе Брамерц.
- Постои осуда за истребување, прогон, убиство во шест општини за Караџиќ
Главниот обвинител на Хашкиот трибунал нагласи дека се уште треба да ја подготват жалбата но дека ќе ја базираат на фактички и правни грешки.
„Сметаме дека судиите од правен аспект правилно не ги евалуирале и квалификувале доказите. Не се сложуваме со фактичките наоди на таа пресуда. Деталите на основата на нашата жалба не можеме да ги изнесуваме во јавност, бидејќи првин мора да ја доставиме до судиите", заклучи Брамерц.
Нагласи дека пресудата на поранешниот претседател на Република Српска Радован Караџиќ е многу важна, бидејќи 2008 година, ретко кој очекуваше дека тој и воениот командант на Војската на РС Ратко Младиќ воопшто ќе бидат уапсени. Меѓутоа, рече Брамерц, сега во случајот Караџиќ постои осуда за геноцид во Сребреница.
Кога станува збор за пресудата на Радован Караџиќ, Брамерц е свесен дека жртвите не се во потполност задоволни со казната од 40 години затвор, а дека при тоа е ослободен од делот од обвинението кој се однесува на геноцид на шест општини во БиХ.
„Сметам дека е тоа исклучително важна пресуда и во принцип сме задоволни. Се сеќавам кога го презедов кабинетот 2008 година никој не очекуваше, ниту се надеваше,дека Караџиќ и Младиќ ќе бидат уапсени, а денес имаме осуда за геноцид во Сребреница. Имаме осуда за истребување и протерување на луѓе и за многу други злосторства. Точно е дека тој од 11 точки на обвинението е осуден за десет. Не добивме осуда за геноцид во шест општини, но имаше осуда за сторени воени злосторства. Луѓето поради тоа мислат дека е ослободен по таа точка на обвинението. Но не, постои осуда за истребување, прогонувања, убиства ... Единствено во пресудата тие злосторства не се оквалификувани како геноцид. Ова е елемент на осуда на кој сериозно размислуваме да се жалиме, бидејќи сметаме дека квалификацијата на геноцид во наведените општини е оправдата", смета Брамерц.
Следната година се очекува Хашкиот трибунал да излезе со пресуда за Ратко Младиќ, главниот командант на Војската на Република Српска во текот на војната во БиХ од 1992 до 1995 година. Младиќ е упасен во 2011 година, а целиот процес пред Трибуалот трае веќе многу долго. Брамерц вели дека судењето ќе биде завршено за неколку недели, како и дека со оглед дека обвинителството во овој случај користеше доста докази од случајот на Караџиќ, очекува дека тоа ќе ги убеди судиите да го осудат Младиќ.
„Во тој случај трганвме со сите адути. На судиите останува да ги евалуираат сите докази приложени од страна на одбраната и обвинителството. Убедени сме дека резултат ќе биде осуда за Младиќ", вели Брамерц.
- Соработката со судовите од регионот со Трибуналот на задоволително ниво -
Многумина на Балканот, поточно на подрачјето на поранешна Југославија, се склони да ја критикуваат работата на Меѓунаородниот суд за воени злосторства. Брамерц е свесен за тој факт, но исто така истакнува дека тоа е потполно очекувано и нормално.
„Секој има право да критикува и да има мислење за нашата работа. Овие дена се сретнав со здруженијата на жртвите на сите страни во БиХ. Ниту една од тие организации не е задоволна. Сите сакаат повеќе да работиме и да вршиме поголем притисок на обвинителите во БиХ, бидејќи сметаат дека треба да се работи на повеќе случаи. Ние и не се се обидуваме да ги задоволиме, знаме дека очекувањата се исклучително големи. Невозможно е да се исполнат сите тие очекувања на жртвите,но и понатаму мислам дека работата на Трибуналот е многу важна, дека пресудата на Караџиќ е многу важна, а веќе идната година ќе има пресуда и за Младиќ, една од најважните во историјата на Трибуналот. Поради тоа, верувам дека овие случаи и пресудите по истите за оние кои највеќе се одговорни за војната е предуслов да се тргне напред со процесот на помирување", оптимист е главниот хашкиот обвинител.
Брамерц смета дека соработката на судовите од регионот со кабинетот на обвинителството во Хаг е добра, но во исто време нагласи дека меѓународната соработка на судовите во Загреб, Белград и Сараево може да биде подобра и поефективна.