Fatjon Cuka
31 Март 2016•Ажурирај: 02 Април 2016
ТИРАНА (АА) - Министерот за надворешни работи на Албанија Дитмир Бушати, остро реагираше на одлуката на ослобидетлната пресуда на Војислав Шешељ,кој беше обвинет за воени злосторства и злосторства против човештвото, јавува Anadolu Agency (AA).
“Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија го прогласи за невин Војислав Шешељ, кој беше обвинет за воeни злосторства и злосторства против човештвото. Шешељ, човекот кој се потсмеваше со ова важна институција на меѓнародната правда. Ослободителната одлука за овој џелат, претставува тежок удар не само за веродостојнаста на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југосллавија, но и недостаток на почит кон жртвите и нивните семејства”, истакна Бушати во својата реакција.
Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (МКСЈ) денес донесе првостепена пресуда со која Воислав Шешељ е ослободен од обвинението по сите девет точки за злосторства против човештвото и кршење на законите или обичаите на војување во Хрватска, БиХ и Војводина во Србија, од март 1991 до септември 1993 година.