Eşref Musa
05 Јануари 2018•Ажурирај: 06 Јануари 2018
ИДЛИБ (АА) - Сириската мрежа за човекови права (СНХР), соопшти дека во 2017 година во Сирија биле убиени 42 новинари, јавува Anadolu Agency (AA).
Тие објавија извештај за убиените и приведените новинари во војната која ја зафатија Сирија. СНХР наведува дека само во декември загинаа двајца новинари, а четворица беа заробени.
Тие истакнаа дека минатата година беа повредени 47 медиумски претставници и активисти. Од тој број, 27 биле повредени од страна на силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Во извештајот на СНХР се истакнува дека силите на Асад предизвикале смрт на 17 претставници на медиумите, ДЕАШ 11, Русија четири, сириската опозиција три.
Во нападите на меѓународните коалициски сили загина еден медиумски претставник.
Уште шест други новинари беа убиени од непознати сторители.
Војната во Сирија започна во март 2011 година, а Идлиб е една од областите во која се вршат најмногу воздушни напади, и покрај фактот што на состанокот во Астана, што се одржа во септември 2017 година беше договорено да биде една од зоните на деескалација.