Nour Mahd Ali Abu Aisha,Safiye Karabacak,Said İbicioğlu
22 Декември 2017•Ажурирај: 24 Декември 2017
КУДС (AA) - Двајца Палестинци загинаа, а 141 се ранети во интервенцијата на израелските војници на денешните протести во Газа и во Западниот Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Како и во ретходните денови, и во петок ширум Газа и во Западен Брег се одржани протести на Палестинците против одлуката на САД за Ерусалим (Кудс).
Ашраг ал-Кудра, гласноговорникот на Министерството за здравство на Палестина изјави дека израелските двојници во текот на протестите на истокот на Газа усмртија двајца Палестинци, Зекерија ел-Кефарин (24) и Мухамед Неби Мухајсин (30).
Додаде исто така, дека во текот на интервенцијата на израелските војници во пограничното подрачје на Газа се ранети 105 Палестинци, од кои тројца се наоѓаат во тешка состојба.
Од друга страна, фоторепортерот на АА Мустафа Хасуне, кој ги следеше случувањата во пограничното подрачје на Газа, во нога го погоди плинска капсула.
Хасуне, кој полесно е повреден, по укажаната лекарска помош е пуштен од болница.
Стотици Палестинци и денеска протестираат ширум Западниот Брег и Појасот Газа поради одлуката на САД да го признаат Ерусалим (Кудс) како главен град на Израел и да ја преселат амбасадата од Тел Авив во овој град.
Протестите на поддршка на Палестина и мирните собири против одлуката на САД се одржуваат во бројни земји во светот.