Tutku Şenen,Satuk Buğra Kutlugün
04 Ноември 2016•Ажурирај: 05 Ноември 2016
ДИЈАРБАКИР (АА) - Вкупно девет лица загинаа откако терористичката група ПКК денес изврши напад со автомобил-бомба врз полициска станица во најголемиот град во југоисточна Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Полициски извори, кои сакаа да останат анонимни, изјавиja дека бројот на загинати цивили се зголемил од шест на седум лица.
Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, претходно соопшти дека загинале осум лица, вклучувајќи и двајца полицајци, техничар и пет цивили. Покрај тоа, неутрализиран и еден терорист.
Според неговите зборови, околу 100 лица се ранети, а 93 се пуштени од болница. Сепак, еден повреден цивил им подлегнал на повредите во болница, се додава од полицијата.
Kуртулмуш: Ќе одговараат сите што се поврзани со терористичките организации
Турскиот вицепремиер Нуман Kуртулмуш го осуди терористичкиот напад во Дијарбакир, во југоисточна Турција, додавајќи дека неговата земја нема да му се предаде на тероризмот.
„Кој и да е поврзан со терористичките организации, ќе одговара за тоа“, напиша Kуртулмуш на социјалната мрежа Твитер.
Терористичката организација ПКК ja презеде одговорностa за нападот во Дијарбакир
Од канцеларијата на гувернерот на Дијарбакир, во југоисточниот дел од Турција, соопштено е дека одговорност за утринскиот терористички напад во Баглар презела терористичката организација ПКК.
Во соопштението се истакнува дека нападот е извршен во близина на зградата на управата на специјалните полициски единици и дека на тоа подрачје биле присутни многу цивили, меѓу кои и деца. Експлозијата одекна околу осум часот по локално време, а терористите во нападот користеле околу еден тон експлозив.