Ali Kemal Akan
03 Февруари 2018•Ажурирај: 03 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Од Генералштабот на турската армија соопштија дека во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ досега се неутрализирани 897 терористи, припадници на ПЈД-ЈПГ/ПКК/КЏК и ДЕАШ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Генералштабот на турската армија потсетува дека операцијата „Маслинова гранка“ во Африн, северна Сирија, започна на 20 јануари, со цел осигурување безбедност и стабилност на границите и регионот, неутрализирање на терористите, припадници на ПЈД-ЈПГ/ПКК/КЏК, и со цел спасување на пријателскиот и братски народ во подрачјето од суровоста на терористите.
Исто така, од Генералштабот се истакнува дека операцијата е покрената во рамките на турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации (ОН), почитувајќи го територијалниот интегритет на Сирија.
Како што се нагласува во соопштението, целта на операцијата во Сирија се само терористите и нивните засолништа, позиции, оружје, возила и опрема, и дека преземени се сите мерки да не бидат загрозени цивилите.
„Во рамките на воздушната операција спроведена од страна на Воздухопловните сили уништени се 15 позиции на терористичките организации ПЈД-ЈПГ/ПКК/КЏК и ДЕАШ, користени како засолништа и складишта за муниција, при што убиени се 74 терористи, додека во рамките на операцијата 'Маслинова гранка', досега се неутрализирани 897 терористи, припадници на ПЈД-ЈПГ/ПКК/КЏК и ДЕАШ. Операцијата се одвива успешно според планираното“, се вели во соопштението на Генералштабот на турската армија.