Sinan Uslu
14 Јануари 2017•Ажурирај: 15 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Од почетокот на интервенцијата на турските вооружени сили во северниот дел на Сирија, офанзивата позната под името „Штит Еуфрат", турската армија неутрализираше 1.775 терористи на ДЕАШ и 310 терористи на ПКК/ПJД, јавува Anadolu Agency (AA).
Во неделното соопштението на Генералштабот на вооружените сили на турската војска се наведува дека острите мерки против терористите во југоисточниот дел на Турција се во тек, а исто времено се продолжува со офанзивата „Штит Еуфрат" во северниот дел на Сирија. Како места на анти-терористичките акции во соопштението се наведуваат градовите Хакари, Ширнак, во Дијарбакир, Мардин и Битлис.
Во однос на анти-терористичките операции во југоисточна Турција и во регионите Битлис и Мардин, неутрализирани се најмалку осум терористи.
Турските безбедносни сили запленија еден топ, 31 импровизирана експлозивна направа, 42 автоматски пушки, седум пиштоли, 500 килограми амониум нитрат, како и значителни количини на друго оружје и муниција. Уништени се магацините и засолништата кои беа користени од страна на членовите на терористичката организација ПКК/ПЈД.
Во акциите во последните седум дена загинаа двајца, а повредени беа четворица турски војници.
Генералштабот на Турција подели информации и во врска со офанзивата „Штит Еуфрат", кој беше покрената на 24 август во северниот дел на Сирија да ги неутрализира терористичките закани, со фокус на ДЕАШ, како и за зајакнување на безбедноста во сириско-турската погранична зона.
Беше наведено дека од почетокот на офанзивата се неутрализира најмалку 1.775 терористи на ДЕАШ, вклучувајќи 1.518 убиени лица, 250 повредени и седум заробени.
Покрај тоа, беа неутрализирани и 310 членови на терористичката организација ПКК / ПЈД, од кои 295 загинаа, четири беа повредени, а 11 од нив се предале.