Meryem Göktaş
15 Октомври 2018•Ажурирај: 16 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку 25 терористи на ПКК се неутралзиирани во антитерористичките операции низ Турција во текот на изминатата недела, пренесува Anadolu Agency (AA).
Турското Министерство за внатрешни работи денес соопшти дека во периодот меѓу 8 и 15 октомври биле изведени вкупно 2.912 антитерористички операции.
Во соопштението се истакнува дека во операциите се убиени 14 терористи, пет се фатени, додека шест терористи им се предале на турските безбедносни сили.
Во осум турски области се уништени 35 засолништа на терористичката организација, додека безбедносните сили заплениле 22 рачни гранати, 20 импровизирани експлозиви и мини, 653 килограми експлозивен материјал, 17 парчиња оружје со долг дострел и 1.881 парчиња муниција.
Уапсени се вкупно 848 лица за помагање во делувањето на терористичката организација.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 лица, меѓу кои има и жени и деца.
Безбедносните сили уапсија и 4.402 осомничени лица за кривични дела поврзани со дрога и шверц, и 339 лица за криумчарење луѓе.
Во соопштението на турското МВР се додава дека во текот на операциите во наведениот период се фатени вкупно 7.276 илегални мигранти.