Muhammet Emin Avundukluoğlu
27 Октомври 2021•Ажурирај: 28 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција треба да добие 3,15 милијарди долари од Зелениот климатски фонд, основан за поддршка на климатските акции во земјите во развој, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Посветени сме да постигнеме успех во секое поле со инвестиции и насочени сме кон „јаглеродна неутралност“ во рамките на Револуцијата за зелен развој. Ќе продолжиме да спроведуваме проекти кои ќе ја развиваат секоја педа од нашата земја и ќе ја зголемиме благосостојбата на секој член на нашата нација, ќе инвестираме и ќе градиме уметнички дела“, рече Ердоган пред парламентарната група на турската владејачка Партија за правда и развој (АК Партија).
„Меморандумот за разбирање, за кој се преговараше долг период, во врска со обезбедувањето 3,15 милијарди долари од Зелениот климатски фонд за нашата земја, потпишан е неодамна“, рече Ердоган, споделувајќи ја добрата вест со пратениците.
„Со договорот ќе се обезбеди долгорочна финансиска поддршка на проекти од јавниот и приватниот сектор во Турција кои се поврзани со климатските промени“, додаде тој.
Ердоган, исто така, истакна дека меѓу 12,5 и 66,5 милиони долари од овие средства ќе бидат искористени како грант.