Bayram Altuğ
28 Јуни 2017•Ажурирај: 28 Јуни 2017
КРАН МОНТАНА (АА) - Под покровителство на Обединетите нации (ОН), денес во Швајцарија продолжија преговорите за решавање на кипарската криза, јавува Anadolu Agency (AA).
Преговорите се одржуваат во швајцарскиот град Кран Монтана, а станува збор за продолжување на процесот кој беше започнат на 12 јануари оваа година во Женева.
Модераторот на преговорите е советникот и пратеник на генералниот секретар на ОН за Кипар, Еспен Барт Еиде, а на преговарачката маса присуствува делегацијата на Турската Република Северен Кипар и на Јужен Кипар.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, вчера упати апел до вклучените страни во преговорите да ја искористат укажаната можност и да го договорат обединувањето на Кипар.