Betül Yürük
29 Јануари 2016•Ажурирај: 30 Јануари 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Во рамките на мировните преговори за Сирија кои денес почнуваат во Женева, специјалниот пратеник на Обединетите нации, Стефан де Мистура ќе се состане со делегацијата на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, јавуваAnadolu Agency (AA).
Портпаролот на кабинетот на Мистура, Кавла Матар рече дека преговорите почнуваат денес и дека мистура ќе се состане со постојаниот претставник на Сирија во Обединетите Нации, Башар ал-Џафери и неговата делегација.
Матар додаде дека Мистура ќе се состане и со претставниците на невладините организации.
Од друга страна, Високата комисија за преговори (HCN) која се состои од претставниците на опозицијата соопшти дека тие нема да се придружат во преговорите се додека не се исполнат нивните барања кои ги испратија до Обединетите Нации, помеѓу останатото, запирање на окупацијата и доставување на хуманитарната помош