Medin Halilovic
24 Декември 2015•Ажурирај: 25 Декември 2015
НОВИ ПАЗАР (АА) - Српскиот премиер, Александар Вучиќ, изјави дека би бил задоволен ако на почетокот на следната недела, за време на посетата на турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, во посета на Белград дојде и претседателот на Советот на министри Денис Звиздиќ, јавува Anadolu Agancy (АА).
Вучиќ на крајот од посетата на Нови Пазар рече дека Звиздиќ не можел денеска да биде заедно со него и да го посети градот поради заложбите за буџетот во БиХ, но дека тој е секогаш е добредојден во Белград.
"Давутоглу доаѓа во Белград. Не сум разговарал со него, но јас сум секогаш среќен кога тоа се случува. Јас сум секогаш отворен за сè и секој е добредојден во Србија. Дури и кога ќе згрешиме, ние знаеме тие грешки да ги исправиме и кај нас не постојат никакви зли намери. За Денис Звиздиќ постои отворена покана и кога ќе посака секогаш е добредојден во Србија", рече српскиот премиер.
- Воочи посетата на Вучиќ на Нови Пазар поради екстремизам приведени се двајца странски држајвани-
Српскиот премиер Александар Вучиќ потврди дека во пресрет на неговата денешна посета на Нови Пазар, приведени се две лица поради сомнение дека се поврзани со екстремизам. Се работи за државјани на Шведска и Македонија, за кои Вучиќ рече дека ќе бидат депортирани од Србија.
Тој посочи дека било каков вид на радикализам и екстремизам, било верски или некој друг, не може да помине и дека сите граѓани ќе бидат безбедни.
"Дали некогаш ќе има проблеми? Понекогаш можеби и ќе има, но луѓето треба да се чувствуваат сигурно и безбедно" , рече Вучиќ.
Одговарајќи на новинарско прашање Вучиќ рече дека Србија сеуште нема донесено одлука кој кандидат ќе го поддржи за генерален секретар на Обединетите Нации.
Претседателот на Владата Алексадар Вучиќ во придружба на повеќе министри и амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во Белград Џум Рашид ал Дахери престојуваше во Нови Пазар каде со средствата на ОАЕ се отворени новоизградениот Дијагностички центар, основна школа и градинка.