Kristina Maslareviç
19 Јануари 2016•Ажурирај: 20 Јануари 2016
БЕЛГРАД (АА) - Српскиот премиер Александар Вучиќ се состана со шефот на канцеларијата на УНХЦР во Србија Ханс Фридрих Содер, со кого разговараше за кризата со мигрантиte, планo за 2016 година и улогата на УНХЦР во управувањето со кризи, јавува Anadolu Agency (АА).
Вучиќ, за време на средбата, истакна дека Србија ќе продолжи со одговорно управување со мигранскатата криза во согласност со европските стандарди, според прес-службата на претседателот на Владата на Србија. Содер рече дека помош во решавање на бегалската криза мора да остане силна и проактивна и додаде дека УНХЦР ќе продолжи со поддршка на Владата на Србија.
"УНХЦР ќе продолжи со поддршка на Владата на Србија, не само во однос на мигранти, исто така и за раселените лица од Косово и бегалците од Хрватска и Босна и Херцеговина, кои се наоѓаат на територијата на Србија", му рече Содер на Вучиќ за време на средбата.