Kristina Maslareviç
06 Јуни 2016•Ажурирај: 07 Јуни 2016
БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Српската радикална странка (СРС), Воислав Шешељ, изјави дека денес раководството на таа партија едногласно донело одлука да одговори на повикот на мандатарот Александар Вучиќ за учество во консултациите за формирање на новата српска Влада, јавува Anadolu Agency (АА).
СРС на консултациите ќе ја преставува Шешељ, како претседател на партијата.
„По кратка дискусија, претседателскиот колегиум на СРС едногласно донесе одлука нашата партија да одговори на тој повик и во тие консултации како претседател на партијата да ја преставувам Српската радикална странка”, рече Шешељ во изјавата новинарите во Собранието на Србија.
Коментирајќи за неговите очекувања од разговорот со Вучиќ и да ли е можно да дојде до некој одговор, Шешељ рече: „Вие знаете каков е нашиот општ став, неприфатливо е секое инсистирање за влез на Србија во ЕУ. Нам ни е најважно Србија да се откаже од Европската унија и да се приближи кон интеграцијата со Русија”.
Тој рече дека би му сметало Вучиќ да биде „шеф”, бидејќи има повеќе пратеници во Собранието.
Како што рече тој, состанокот со Вучиќ е закажан за утре во 15 часот во зградата на Народното собрание на Србија.
На прашањето дали му е подраг Вучиќ од претседателот на Србија, Томислав Николиќ, со оглед на тоа што со Николиќ не сакаше да се сретне, а со Вучиќ ќе го стори тоа, Шешељ рече дека така одлучил претседателскиот колегиум на Српската радикална странка.
„Не можам да кажам дека ми е подраг Вучиќ, но некако ми е поподнослив од Николиќ, бидејќи Томислав Николиќ ѝ украде 20 пратенички мандати на Српската радикална странка, а Вучиќ првин поднесе оставка на својот одборнички мандат во градското Собрание, па тогаш ја напушти партијата. Таа разлика ќе ја правиме до крајот на животот”.