Medin Halilovic
07 Јануари 2017•Ажурирај: 08 Јануари 2017
СЈЕНИЦА/НОВИ ПАЗАР (AA) – Поради екстремните временски прилики во сјеничката општина денеска е прогласена вонредна состојба. Десет илјади луѓе во повеќе од сто сеца на општината Сјеница, во Србија, отсечени се од светот. Локалните патишта на Пештер и планинските делови во таа општина се непроодни, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик претседателот на Општина Сјеница Микаило Каличанин рече дека поради силниот ветер и нанесите кои се создаваат блокирани се повеќе од сто села.
„Поради големите нанеси 103 села се завеани, во кои живеат околу 10.000 луѓе. Сите машини се на теренот тешко се пробиваат до центарот, но се надеваме дека сето тоа ќе го завршиме во наредните два, три дена“, рече Каличанин, додавајќи дека не се проодни ниту регионалните патишта преку Пештерската висорамнина.
Во расчистување на локалните патни правци покрај општинските служби ангажирани се и машините на приватните компании.
Магистранлнот патен правец од Сјеница кон Нови Пазар и Нова Варош е прооден но е затворен за камиони и шлепери. Јавното претпријатие „Патишта на Србија“ ја информираше јавноста дека поради лошите временски услови, ниски температури, мраз, славата видливост и силниот ветер, можни се застои во сообраќајот на делниците на државните патишта од прв и втор ред.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги користат зимските пнеуматици и ланци, да го почитуваат ограничувањето на брзианта и да ја прилагодат брзината на движење според условите на патот.
Поголемиот дел на Србија како и регионот Санџак од вчера ги зафати студениот бран со температури преку минус 20 степени Целзјусови.