АНКАРА (АА) - ИСЛАМ ДОГРУ / ЗУХАЛ ДЕМИРЏИ -
Делегација од американски претставници од 3-4 јануари 2019 година ќе допатува во турскиот главен град, Анкара, каде што ќе се разговара за новите докази во врска со терористичката организација ФЕТО, што Турција им ги достави на Соединетите Американски Држави (САД), пишува Anadolu Agency (AA).
Овие средби се значајни за откривање на улогата на челникот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, и неговите блиски лица, во обидот за државен удар во Турција, како и за да се овозможи американската страна да преземе мерки во оваа насока.
Републиканското јавно обвинителство во Анкара претходно откри дека таканаречените цивилни имами поврзани со обидот за државен удар на 15 јули 2016 година, Адил Оксуз, Кемал Батмаз, Хакан Чичек, Харун Биниш, и Нуретин Оруч, во јануари, март и јуни истата година ги посетиле САД.
Се знае дека овие имиња ги реализирале прелиминарните состаноци за државниот удар, заедно со Фетула Ѓулен.
Телефонот на Хакан Чичек, кој е меѓу лицата фатени додека се обидувале да побегнат од базата „Акинџи“ по обидот за државен удар, бил пронајден во рамки на истражувањата на терен.

Во дигиталните траги откриени во овој телефон беше откриено каде бил користен телефонот.
Откриено е дека СИМ-картичката на Чичек со број од САД за прв пат била активирана на 7 март 2016 година, во куќата на водачот на ФЕТО, Фетула Ѓулен, во Пенсилванија, САД.
Од телефонот се извлечени координати од податоците за локација што ги снимил овој телефон од денот на активирање.
Турските власти сите овие дигитални траги ги открија на состанокот со нивните американски колеги на 13 јули 2018 година, и ја докажаа улогата на ФЕТО во обидот за државен удар во Турција.
Американската страна ги доби овие податоци и започна да истражува.
- Се очекуваат новите оценувања на САД -
На состанокот што ќе се одржи на 3 и 4 јануари во Анкара со учество на претставници од турските министерства за надворешни работи, внатрешни работи и правда, ќе се откријат оценувањата на САД во врска со новите докази.
Американската страна ќе ја пренесе последната состојба од прелиминарните испитувања кои започнаа претходно, во врска со организираниот криминал, како визните нерегуларности и перењето пари, што го вршат институциите и лицата поврзани со ФЕТО во 18 американски сојузни држави.

Во последниот период еден од настаните кој привлече внимание беше екстрадицијата во САД на Кемал (Кевин) Оксуз, кој по неговото приведување во август во Ерменија, беше екстрадиран во САД, а е обвинет за прекршување на законите во врска со финансирањето на патувањето на членови на американскиот Конгрес во 2013 година во Азербејџан.
Турските власти велат дека е можно случајот на Оксуз да биде пресвртница во насока на откривање на нелегалните работи на ФЕТО, што ги врши преку различни организации, училишта и здруженија во САД, како и за привлекување на вниманието на американската јавност.
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, нагласи дека тие сериозно ја следат истрагата на ФБИ против оваа организација, и дека постои доза на скептицизам, но почнале да гледаат одредени резултати.
- Доказот откриен во телефонот на Чичек -
Откриено е дека Хакан Чичек, еден од цивилните имами поврзани со обидот за државен удар на 15 јули, откако го активирал својот телефон, фотографирал едно ливче во кое преку техниката „LivePhoto“ го запишал корисничкото име и лозинката со цел да не ги заборави.

АА ја откри таа фотографија која Чичек ја снимил во својот телефон.
На фотографијата се забележува како тој со свој ракопис го запишал својот број, како и корисничкото име и лозинката на својот „icloud“, што го користел со имејл-адресата „suneyes34@gmail.com“.
Оваа фотографија е еден од доказите дека телефонот пронајден во базата „Акинџи“ му припаѓа на Чичек.
- АА ги откри трагите на координатите -
Екипата на Аnadolu Аgency во САД ги внесе координатите од телефонот на Хакан Чичек во апликацијата за навигација во центарот на градот Њујорк.

Екипата тргна од Њујорк, а координатите „40.870487,-75.32150“ и „40.870500,-75.321300“ директно ја доведоа до куќата на Фетула Ѓулен во Пенсилванија.

АА ги сними тие моменти, а во програмата за навигација ги внесе и координатите „40.583818,-73.948949“ снимени во телефонот на 25 јуни 2016 година.
Исто така, овие координати ја доведоа екипата на АА до „Masal Cafe Lounge“ во подрачјето на Бруклин во Њујорк, кафуле кое е едно од местата каде што се состануваат припадниците на оваа организација во САД.