Amina Zorniç
06 Април 2016•Ажурирај: 07 Април 2016
САРАЕВО (AA) - Бројни државни, кантонални и општински делегации, граѓани на Сараево, средношколци и деца од градинки положија денес цветни венци и играчки на споменикот посветен на убиените деца на Сараево кои страдаа во периодот од 1992 до 1995 година во текот на опсадата на градот Сараево, јавува Anadolu Agency (AA).
Сабрија Зимиќ е еден од родителите чие дете е убиетно во најдолгата опсада на градот во модерната историја
"Моето дете е убиено во 1995 година на Маркали, девојче од 9 години. Често ме прашуваат каде сте го загубиле детето, нашите деца не се загубени- туку убиени. Дојдов овде на Денот на градот Сараево, денот на опсадата на градот и 10 години откако поставивме камен темелник за изградба на овој споменик. За нас тој датум е емотивен", рече Зимиќ за АА.
Непроценлива е важноста на споменикот кој во главиот град на БиХ сведочи за 1.601 дете кое е убиено во војната, вели Зимиќ.
Според неговите зборови, Денот на Градот Сараево како ден на почетокот на опсадата по потсетува на убиените деца и убиените цивили.
"Колку проблеми имавме да дојдеме до овој споменик, гледаме колку тоа е важно да се спомнува. Сите оние кои доаѓаат добронамерно но и злонамерно, нека видат што се случи и нека опоменува никогаш да не се случи такво нешто, страдање на деца и цивили. Мислам дека е срамно што се однесува до кантонот и до градот, мислам дека повеќе требаа да ги анимираат училиштата, тука во кругот од 300 метри се наоѓаат десетина основни училишта, доволно е да се прати по едно одделение за да има млади. Тука доаѓаат главно оние на кои некој им страдал, додека другите граѓани... нека им служи на чест. Ние додема сме живи ќе го одбележување страдањето на нашите деца" .
Осумнаестгодишниот Бењамин Ковач од Средното економско училиште во Сараево за АА рече дека Сарајлиите мораат да се сеќаваат на убиените деца во текот на војната, посебно младите.
"Од нашето училиште учениците кои сакаа можеа да земат каранфили и да оддадат почест на децата на Сараево. Имам и играчка. Мислам дека е важно, барем на денешниот ден. ако не во другите денови во годината, да се дојде на ова место. Тоа беа децата која на никого ништо не му згрешија и сакаа само да се играат, тука беше војната која ги погоди, немаа причина да им наштетат.
Мислам дека тука треба да има повеќе деца, ова е сепак настан за сите нас, посебно за основните школи бидејќи овие деца беа нивната генерација, треба да видат што се случи тука, не треба да го посетуваат само ова, туку и сличните места", рече Бењамин.