Ekip
19 Октомври 2016•Ажурирај: 19 Октомври 2016
ХАГ (АА) – Европската полициска агенција (Европол) објави дека во координирана едномесечна глобална акција против организираниот криминал, уапсени се 314 осомничени лица и запленети се 2,4 тони кокаин, јавува Anadolu Agency (AA).
Европол денес објави дека за време на акцијата, исто така се пресретнати и 745 мигранти и идентификувани се 529 жртви на трговија со луѓе. Тимовите за спроведување на законот од 52 земји, со поддршка на организациите, меѓу кои и Интерпол и Фронтекс, учествуваа во серија рации и истраги.
Роб Вејнрајт, директорот на Европол, на сите учесници во операцијата им даде признание за работата.
„Земјите и организациите од целиот свет, работејќи заедно, како едно тело, станаа модерен одговор за сериозен и организиран криминал кој не познава граници“, порача Вејнрајт.
Во една од рациите, грчката полиција откри лажна туристичка агенција којашто го олеснува криумчарењето на мигранти и трговијата со луѓе.